петок, август 14, 2026
Дома БАЛКАН Инцидент во Туриција: Тригодишно девојче се зарази со беснило откако беше изгребано...

Инцидент во Туриција: Тригодишно девојче се зарази со беснило откако беше изгребано од мачка

0
Фото:википедија

Тригодишно девојче во турската покраина Дијарбакир се зарази со беснило откако беше изгребано од мачка скитник, објавија денес локалните власти.

„Тригодишно девојче беше изгребано од мачка скитник во областа Сур пред четири месеци. Девојчето беше хоспитализирано на 10 август поради влошување на здравствената состојба, а на 13 август беше добиен позитивен резултат од тестот за беснило“, се вели во соопштението на властите.

Властите започнаа превентивна заштита од беснило за луѓето кои имале контакт со девојчето, а се преземаат и мерки во врска со сите скитници.

Според порталот „Енсонхабер“, девојчето е поврзано со уред за вештачка вентилација.

ИЗДВОЕНИ