Над селото Бојане избувна пожар, кој се шири од правец на Јегуновце.
На терен интервенираат четири екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а како засилување се ангажирани и екипи на противпожарните служби од Тетово” – соопшти директорот на ЦУК Мухамед Али.
„Моментално сум на терен, заедно со екипите ангажирани за справување со пожарот.
Од терен директно ги координираме сите активности и потребните капацитети за локализирање и гаснење на пожарот, информира Али.
Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите надлежни служби и институции ангажирани на терен.












