недела, август 2, 2026
Дома БАЛКАН Инцидент во Хрватска: Сиријци запалија врата од соба во загрепско прифатилиште –...

Инцидент во Хрватска: Сиријци запалија врата од соба во загрепско прифатилиште – не биле задоволни од сместувањето

66

Во текот на денешниот ден се регистрирани дваесетина помали пожари на отворен простор, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, додавајќи дека најголем дел од нив се изгаснати или се ставени под контрола.

Двајца државјани на Сирија, 22-годишен и 29-годишник, се осомничени дека запалиле врата од соба во Прифатниот центар за баратели на меѓународна заштита во Нови Загреб, бидејќи биле незадоволни од сместувањето.

Како што објави ПУ Загреб, станува збор за баратели на меѓународна заштита во Хрватска, а инцидентот се случил во петок.

Полицијата се сомнева дека осомничените ја запалиле вратата од собата со употреба на отворен пламен, на засега неутврден начин, со што предизвикале опасност по животите на другите баратели на меѓународна заштита и вработените во прифатилиштето, како и по самиот објект и имотот.

По завршувањето на кривичната истрага, двајцата осомничени биле предадени на надзорникот на притворот, а против нив е поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство поради сомнение за сторено кривично дело загрозување на животот и имотот со општо опасно дејствие или средства.

ИЗДВОЕНИ