недела, август 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ангелов: Регистрирани се дваесетина помали пожари – тој што ги вознемири стружани...

Ангелов: Регистрирани се дваесетина помали пожари – тој што ги вознемири стружани е ставен под контрола

0

„Во Струга иамвме два пожари на отворен простор. Едниот е целосно изгаснат, а вториот е ставен под целосна контрола и очекувам наскоро да биде изгаснат“, вели тој.

Карактеристично е тоа што, како што додаде, пожари имало на неколку депонии и диви ѓубришта
Во текот на денешниот ден се регистрирани дваесетина помали пожари на отворен простор, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, додавајќи дека најголем дел од нив се изгаснати или се ставени под контрола.

„Во моментов имаме активни неколку помали пожари, кои очекувам во наредниот период да бидат ставени под контрола, а потоа и изгаснати“,рече тој.

Посочи дека е ставен под контрола пожарот на територија на Општина Струга што предизвикал вознемиреност кај граѓаните и бил видлив од подалеку.

 

„Во Струга иамвме два пожари на отворен простор. Едниот е целосно изгаснат, а вториот е ставен под целосна контрола и очекувам наскоро да биде изгаснат“,кажа Ангелов.

Според него, во текот на денешниот ден немало потреба од ангажирање на „ертракторите“.

Карактеристично е тоа што, како што додаде, пожари имало на неколку депонии и диви ѓубришта.

Ангелов во обраќањето се осврна и на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, посочувајќи дека е непроменета.

„Институтот за јавно здравје во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство секојдневно земаат примероци од водата. Резултатите се слични. Во неколку од примероците сè уште се пронаоѓаат бактерии, поради што водата сè уште не е за пиење. Таа може да се користи само за техничка употреба. Очекуваме наскоро да биде прогласена за исправна. Процесот на хиперхлорирање продолжува“,

рече тој.

ИЗДВОЕНИ