среда, ноември 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ФЗОМ ќе проверува кој им наплаќа на пациентите за веќе платени услуги

ФЗОМ ќе проверува кој им наплаќа на пациентите за веќе платени услуги

0

Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во болниците, клиниките и другите здравствени установи со кои има склучено договор, по случајот со двојната наплата во приватна очна болница во Скопје.

Од ФЗОМ потсетуваат дека пациентите не треба да плаќаат за услуги покриени со задолжителното здравствено осигурување, освен законски предвидената партиципација. Контролорите ќе проверуваат дали фактурираните услуги навистина се извршени, колку им се наплатува на пациентите и дали се почитуваат правилата за партиципација. За утврдените неправилности се најавуваат мерки, а граѓаните кои се соочиле со неоснована наплата можат да пријават во Секторот за контрола на ФЗОМ.

 

 

ИЗДВОЕНИ