сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Инцидент на градилиште во Виена: Гореше градежен материјал, маж се стрча директно...

Инцидент на градилиште во Виена: Гореше градежен материјал, маж се стрча директно во пламенот и покрај предупредувањата

43
Фото:пекселс

Две лица се повредени во пожар што избувна утрово на градилиште во виенскиот кварт Фаворитен, откако се обиделе да го изгаснат пожарот со градинарско црево, објавува „Хојте“.

Пожарот избувнал околу 10 часот наутро кога, од засега непознати причини, се запалил градежен изолациски материјал.

Поради специфичната природа на материјалот што горел, огромен столб од густ црн чад се издигнал над овој дел од Виена, кој бил видлив од неколку делови од градот, што предизвикало загриженост кај граѓаните.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како маж, и покрај предупредувањата и извиците од сведоците да излезе, трча директно во пламенот на градилиштето.

Виенската служба за итна медицинска помош потврди дека во овој инцидент се повредени две лица и дека еден маж, по укажаната лекарска помош, е пуштен на домашно лекување, додека другиот е пренесен во болница со брза помош.

Професионалната противпожарна бригада на Виена итно интервенирала со неколку возила и успеала да го локализира пожарот, а полициската истрага за причините за пожарот е во тек, информираа австриските медиуми.

ИЗДВОЕНИ