вторник, јули 7, 2026
Дома БАЛКАН Инцидент на Денот на независноста во Подгорица: Прекинат концертот на Рики Мартин...

Инцидент на Денот на независноста во Подгорица: Прекинат концертот на Рики Мартин поради фрлен солзавец, полицијата трага по сторителот

1196
EPA/CHRIS TORRES

Црногорската полиција го бара лицето кое синоќа фрли солзавец на концертот на латино ѕвездата Рики Мартин на централниот плоштад во Подгорица по повод Денот на независноста.

Солзавецот предизвика паника кај граѓаните, а концертот беше накратко прекинат, но набрзо продолжи.

„Синоќа, околу 23 часот, во близина на сцената беше активирана рачна канистра со солзавец, што предизвика кратка паника кај граѓаните. Концертот набрзо продолжи. Полицајци од одделот за криминалистичка полиција фотографираа и запленија дел од канистрата со солзавец што беше пронајдена во близина на сцената. Лицето кое ја фрли канистрата со солзавец ќе биде пронајдено наскоро“, изјави Милан Делиќ, раководител на ОКЦ, објавија медиумите во Подгорица.

ИЗДВОЕНИ