Експертите од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ при Министерството за здравство на Русија развија лек кој ја блокира отпорноста на бактериите на антибиотици, изјави научниот директор на центарот, Александар Гинзбург.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести претходно објави дека опасната бактерија Клебсиела пневмонија, чии соеви развиле отпорност на речиси сите постоечки антибиотици, брзо се шири во болниците низ Европската Унија.

„Имаме лек наречен флуоротиазинон кој ја надминува отпорноста на бактериите на антибиотици. Самата бактерија Клебсиела пневмонија можеби не е толку опасна, но нејзините соеви отпорни на антибиотици се. Затоа, флуоротиазинонот, развиен во Институтот „Гамалеја“, овозможува надминување на таа отпорност“, изјави Гинзбург за Риа Новости.

Тој истакна дека овој руски лек веќе спасил стотици пациенти.
Флуоротиазинонот веќе е широко користен во Московскиот институт за онколошки истражувања „П. А. Херцен“ кај пациенти во постоперативниот период кои имаат сериозни компликации, па дури и состојби што се граничат со сепса.

Лекот успешно се користи и во клиниките на Башкирскиот државен медицински универзитет, како и во други здравствени установи.

ИЗДВОЕНИ