Сите лица кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа (плата) во странство, се должни да поднесат електронска пресметка преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam, најдоцна до вторник, 31 март 2026 година. УЈП веќе достави и лични пораки со потсетување до 5.320 граѓани за кои Управата располага со податоци дека оствариле доход од работа (плата) од странство.
– Обврската за пријавување постои без разлика дали данокот е платен во странската држава или не. Кон електронската пресметка задолжително се прикачуваат соодветни докази за остварениот доход како: потврда од исплатувачот за исплатениот доход, извод од банка, договор за извршени услуги, како и други релевантни документи со кои јасно се потврдува видот, износот и периодот на остварениот доход од странство, како и доказ за евентуално платен данок во странската држава.
Дополнително, Управата за јавни приходи информира за преземените постапки за проверка на платениот данок во Ирак на резиденти на Република Македонија за доход остварен во текот на 2020 година, од работа во оваа земја.
– До даночните администрации на Ирак и САД преку Министерството за надворешни работи доставени се барања за 275 даночни обврзници за потврда на платениот данок за овие лица – велат од УЈП.












