четврток, октомври 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза, Русија и САД продолжуваат со...

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза, Русија и САД продолжуваат со дијалогот

0
EPA/SERGEI ILNITSKY

Договорот меѓу Русија и САД во врска со дизел горивото претставува основа за развој на дијалогот меѓу двете земји, изјави Кирил Дмитриев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски држави.

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, изјави дека Европа се соочува со длабока енергетска криза, додека Русија и САД се согласиле да ја продолжат комуникацијата, особено за конфликтот во Украина.

Говорејќи на Евроазискиот економски форум во Истанбул, Дмитриев посочи дека продолжувањето на дијалогот било главната одлука од вчерашната средба во Санкт Петербург меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, пренесе „Известија“.

– Вчера донесовме неколку многу важни одлуки, а најважна беше да ја продолжиме комуникацијата, особено во врска со конфликтот меѓу Украина и Русија – изјави Дмитриев.

Дмитриев оцени дека договорот за испорака на руски дизел во САД би можел позитивно да влијае врз глобалните пазари.

– Во моментов, многу внимание се посветува на договорот за дизел. Тој е многу важен. Веруваме дека тоа ќе ни овозможи значително да ја подобриме нашата пазарна позиција, а исто така го гледаме како развој на фундаментален дијалог и комуникација со САД – рече тој.

Според Дмитриев, зголемувањето на бројот на деловни договори меѓу Русија и САД би можело да поттикне и поголем интерес кај европските компании за вклучување во таквата соработка.

Дмитриев, исто така, изјави дека европските земји продолжуваат да купуваат руски гас и покрај растот на цените.

Дмитриев исто така истакна дека обновувањето на соработката меѓу Русија и Европа е неизбежно.

„Колку повеќе договори има меѓу Русија и САД, толку е поголема желбата кај европските компании да им се придружат“, изјави рускиот претставник.

Сепак, додаде тој, Европа продолжува да купува руски гас, и покрај растот на цените. Тој нагласи дека купувањето гас од Русија е неизбежно и дека политичарите кои го негираат тоа ќе загубат на сите полиња.

„Европа моментално се наоѓа среде длабока енергетска криза. Експлозијата на ’Северен тек‘ беше најголемиот терористички напад врз некој европски гасовод во историјата, а оваа приказна е проследена со многу лажни наративи – тврдења дека Русија била вмешана, односно дека самата го разнела сопствениот гасовод. Тоа е апсурдно; да не го заборавиме тоа. Понатаму, нема сомнеж дека ’Северен тек 1‘ и ’Северен тек 2‘ на крајот ќе продолжат со работа, а тоа е неизбежно“, изјави Дмитриев.

Рускиот функционер истакна дека на Европа ѝ е навистина потребна помош, а исто така се осврна и на прашањата поврзани со миграцијата и недостигот на енергетски ресурси.

Неговите изјави доаѓаат во период на продолжени тензии околу војната во Украина, енергетските пазари и економските односи меѓу Русија, САД и Европа.

ИЗДВОЕНИ