петок, октомври 23, 2026
Дома СВЕТ Инцидент во Јордан: Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени во...

Инцидент во Јордан: Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени во пукање во црква/видео

14
Фото:википедија

Најмалку седум лица загинаа, а десет други се повредени денес, откако вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква во јорданската провинција Карак, објави државната телевизија „Ал-Мамлака“, пренесува „Ројтерс“.

Безбедносните сили се распоредени околу црквата и трагаат по осомничените. Според „Ал-Мамлака“, двајца напаѓачи излегле од возило и отвориле оган за време на погребна поворка во близина на црквата „Хамуд“ во Карак.

Калед Буркан, кој присуствувал на погребот, изјави за „Ал-Мамлака“ дека таму биле собрани десетици луѓе, кога двајца мажи – едниот вооружен со пушка, а другиот со пиштол – отвориле оган врз толпата. Пукањето траело неколку минути.

Сè уште никој нема преземено одговорност за нападот, а јорданските власти не открија кој стои зад него.

Ваквите напади се исклучително ретки во Јордан, земја која генерално се смета за релативно стабилна. Сепак, оваа година Јордан сè почесто станува цел на напади поврзани со Иран, особено откако САД и Израел извршија напади врз Иран во февруари.

Христијаните сочинуваат малцинство од населението во Јордан; сепак, во земјата се наоѓаат неколку библиски локалитети кои привлекуваат христијански аџии од целиот свет.

ИЗДВОЕНИ