Британскиот боксер Тајсон Фјури (37), кој е и поранешниот светски шампион во тешка категорија повторно е во фокусот на јавноста, но овој пат не поради борба во рингот, туку поради неверојатните детали од неговиот приватен живот кои „испливаа“ во текот на новата сезона на неговиот приватен живот на платформата „Нетфликс“.
Иако веќе има седум деца со сопругата Парис, Тајсон не планира да запре. Во својот препознатлив стил, откри дека целта му е „заоблена цифра“.
„Мојот љубовен живот цвети, имаме секс најмалку четири или пет пати неделно. Можеби ќе добиеме и осмо дете, едноставно да видам дали сè уште го имам „тоа“ во себе. Но сакам десет. Планот отсекогаш беше да бидат десет деца“, реќе Фјури.
Тој ја опишал својата сопруга Парис, со која е во врска речиси 20 години, како жена која би направила сè за него.

„Ако ѝ кажам дека штотуку сум убил некого, таа само ќе ме праша: „Каде ќе го закопаме?“. Ете, таква е таа“, рекол Фјури.
Животот за семејството Фјури не е само гламур и забава. Парот зборувал за болниот момент – губењето на нивното бебе непосредно пред големата борба на Тајсон против Александр Усик. Парис дознала дека срцето на бебето престанало да чука додека бил во тренинг кампот, но решила да не му каже да не го деконцентрира.
Му кажав дека мојот крвен притисок е висок, плачев штом ја спуштив слушалката. Не му кажав и не отидов на мечот“ рече Парис низ солзи.
Тајсон се присетил на тој момент со голема тага:
„За првпат по 20 години, не можев да бидам со неа кога најмногу ѝ требав. Беше морничаво. Мене ми ги одзедоа појасите, а нејзе ѝ беше одземено бебето … моравме да го погребаме. Тоа беше најтешкиот период во нашите животи“, истакна Тајсон.
Меѓутоа, семејството сега се соочува со уште еден предизвик – најстарата ќерка Венецуела (16) се свршила. Нејзиниот избраник Ноа Прајс (18) морал да собере храброст и да побара благослов од светскиот шампион во бокс.

„Бев нервозен. Од сите дедовци на светот, го избрав светскиот шампион“ призна младиот Ноа, кој сепак добил прегратка и зелено светло од Фјури.
И покрај молбите на неговата сопруга и татко конечно да се пензионира, Тајсон признал дека боксот е неговата дрога.
„Зависен сум од спортот како од дрога“ призна Фјури, кој се враќа на рингот оваа сабота против Арсланбек Махмудов, додека Парис дома се обидува да балансира помеѓу седум деца и сопруг кој поради биполарно растројство, „секој ден изгледа како друга личност“.












