Европските аеродроми веројатно ќе се соочат со недостиг на гориво за авиони доколку Ормутскиот теснец не се отвори повторно во следните три недели, објави денес „Фајненшл тајмс“.
„Фајненшл тајмс“ цитираше писмо од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) до комесарот за транспорт на ЕУ, Апостолос Цицикостас.
„Доколку Ормутскиот теснец не се обнови на значаен и одржлив начин во следните три недели, системскиот недостиг на гориво за авиони ќе стане реалност за ЕУ“, се вели во писмото, во кое се предупредува дека потенцијалниот недостиг би можел да ја оштети европската економија со нарушување на шпицот на летната туристичка сезона, јавува Баха.
Организацијата го повика блокот да ги следи залихите на нафта, бидејќи цените на енергијата остануваат високи и покрај тековниот прекин на огнот меѓу САД и Иран.












