петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Игралиштето „Дрвен“ во Дебар Маало повторно во функција

Игралиштето „Дрвен“ во Дебар Маало повторно во функција

59

Eдно од најпознатите детски игралишта во Дебар Маало, на улица „Славка Недик“, познато како „Дрвен“, е целосно реконструирано и доби современ и уреден изглед.

Од Општина Центар информираа дека се заменети детските реквизити, поставени се нови лулашки, клупи и корпи за отпадоци, а просторот е збогатен со жардињери и летниковец.

-Реконструирана е и оградата на кошаркарското игралиште, со што просторот доби поуреден и посигурен карактер. Во катчето наменето за помладите поставена е нова гумена подлога која обезбедува поголема безбедност и отпорност на температурни промени. Во новоуредениот  простор за седење и одмор, родителите  можат да го поминуваат слободното време на отворено додека нивните деца  играат. Игралиштето доби и ново амбиентално осветлување , централна црвена канделабра, што дополнително придонесува за модерен изглед и подобра функционалност на просторот – соопштија оа локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека реконструкцијата е дел од пошироката пролетна офанзива за уредување на детските игралишта во локалната самоуправа.

-Продолжуваме со реконструкција кај маркетот „Кам“, кај ,,Зебра” и на сите детски игралишта каде што има оштетени реквизити. Истите ќе бидат заменети во текот на овој месец – рече Герасимовски.

Тој упати апел до граѓаните за одговорно користење и грижа за  јавното добро и урбаната опрема.

 

ИЗДВОЕНИ