понеделник, ноември 16, 2026
Дома МАГАЗИН Идентитетот на новиот агент 007 е официјално потврден: Роберт Патинсон е новиот...

Идентитетот на новиот агент 007 е официјално потврден: Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд

0
Фото:википедија/2026

Британскиот актер Роберт Патинсон ќе го толкува ликот на тајниот агент Џејмс Бонд во следниот дел од филмскиот серијал, објави денес „Варајети“ (Variety).

На официјалниот Инстаграм-профил на франшизата „Џејмс Бонд“ беше објавено кратко видео во кое се појавува Патинсон – облечен во смокинг и со пиштол во раката – а видеото завршува со зборовите: „Џејмс Бонд се враќа“.

„Длабоко сум им благодарен на сите во ’Amazon MGM Studios‘ за довербата што ми ја укажаа. Да се ​​каже дека оваа улога е остварување на сонот, би било премалку. Не можам да бидам повозбуден поради оваа соработка и можноста да работам со толку фантастичен тим“, изјави Патинсон.

Патинсон се прослави преку улогите во филмовите „Тенет“ (Tenet) на Кристофер Нолан, „Бетмен“ (The Batman), сагата „Самрак“ (Twilight) и други остварувања.

ИЗДВОЕНИ