понеделник, ноември 16, 2026
Дома СВЕТ Мнозинството пратеници во Европскиот парламент би го поддржале враќањето на Обединетото Кралство...

Мнозинството пратеници во Европскиот парламент би го поддржале враќањето на Обединетото Кралство во ЕУ

0

Европратениците повикуваат на преиспитување на ограничувањата поставени од британската Лабуристичка партија, додека двете страни се подготвуваат за нови преговори.

Мнозинството пратеници во Европскиот парламент би го поддржале повторното пристапување на Обединетото Кралство кон Европската унија, изјави Сандро Гози, претседател на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Обединетото Кралство.

Во изјава за „Политико“ (Politico), во пресрет на најавениот говор на британскиот премиер Енди Бернам за идните односи меѓу Лондон и Брисел, Гози рече дека Европскиот парламент е институцијата што најсилно се залага за воспоставување нова форма на соработка со Обединетото Кралство.

Според него, поддршка за евентуалното враќање на земјата во ЕУ постои во сите политички групи во рамките на Европскиот парламент.

ИЗДВОЕНИ