Младиот талентиран боксер Арабел Рустемовски, имаше херојски пречек во родната Битола, откако се врати со бронзен медал од Европското првенство за боксери до 17 години кое се одржа во Будва.

Со скандирања на неговото име, факели, прегратки и многу емоции, семејството, пријателите и тренерите му приредија изненадување достојно за врвен европски медалист. Атмосферата на пречекот беше исполнета со огромна гордост и радост, а меѓу присутните кои го славеа овој огромен успех беше и неговиот брат, еден од нашите најдобри боксери, Ален Рустемовски.

Силната поддршка од најблиските и запалените факли претставуваа посебен знак на почит за извонредниот резултат на младиот спортист кој уште еднаш потврди дека македонскиот бокс има големи таленти.

ИЗДВОЕНИ