сабота, ноември 28, 2026
Дома БАЛКАН Инцидент на протестите во Тирана: Жена удри полицаец со чадор, па заврши...

Инцидент на протестите во Тирана: Жена удри полицаец со чадор, па заврши на земја/ВИДЕО

0

Една жена падна среде улица за време на интервенција на полициските сили кои се обидуваа да ги растераат демонстрантите во Тирана.

Жената, која држела чадор, се судрила со полицаец и го удрила. Полицаецот ја турнал, при што таа ја изгубила рамнотежата и паднала на земја.

Додека полициските сили напредуваа, користејќи водени топови за да ги растераат демонстрантите, една жена се обиде да се заштити од силниот млаз вода.

Други демонстранти ѝ притрчаа на помош, ѝ помогнаа да стане и ја изведоа од зоната на судири.

ИЗДВОЕНИ