петок, септември 11, 2026
Дома СВЕТ Хутите направија обрач околу стратешкиот проток Баб ел-Мандеб

Хутите направија обрач околу стратешкиот проток Баб ел-Мандеб

0
EPA/YAHYA ARHAB

Јеменските бунтовници Хути вчера  го презедоа контролираниот остров Мајун во Црвеното Море, со што дополнително ја зацврстија својата позиција долж стратешкиот поморски премин Баб ел-Мандеб, потврдија локален претставник и очевидци за агенцијата АФП.

-Бродови со вооружени борци пристигнаа на островот Мајун, познат и како Перим, откако владините сили вчера се повлекоа од него, изјавил локален претставник.

Островот природно го дели Баб ел-Мандеб на два пловни правци и има особено значајна стратешка положба. Очевидец изјавил дека вооружените борци се распоредуваат долж брегот и се движат со воени возила. Контролата врз Баб ел-Мандеб претставува сериозен ризик за меѓународната трговија и за транспортот на енергенси.

Од бунтовничкото движење соопштија дека нападот е одмазда за саудиските воздушни напади врз северозападниот дел на Јемен.

 

ИЗДВОЕНИ