
Актуелниот шампион на Португалија, тимот на Порто, е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на мексиканскиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Милан, Сантијаго Хименез. Неофицијално, робусниот напаѓач новата сезона ќе ја одработи како позајмен фудбалер, а Порто ќе има обврска да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.











