вторник, ноември 10, 2026
Дома СКОПСКА Признанија за професорите што градат заедништво во училницата

Признанија за професорите што градат заедништво во училницата

1

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски  заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, им оддадоа заслужено признание на професорите кои со својата посветеност, знаење и ентузијазам ги поврзуваат младите преку заедничките наставни часови.

Ѓорѓиевски упати посебна благодарност до професорите и училишните тимови од сите осум средни училишта: „Браќа Миладиновци“, „Здравко Цветковски“, „Боро Петрушевски“, „Цветан Димов“, „Д-р Панче Караѓозов“, „Арсени Јовков“, „Димитар Влахов“ и гимназијата „Јосип Броз Тито“.

-Вашата професионалност, истрајност и секојдневна посветеност се срцето на оваа иницијатива и причината таа да трае и да создава резултати – истакна Ѓорѓиевски.

Од 2018 година, деветта година по ред, Град Скопје континуирано го поддржува овој модел во сите осум средни училишта во негова надлежност во кои наставата се одвива на различни наставни јазици.

-Горди сме што сме единствената локална самоуправа во државата со ваков континуитет, но уште повеќе сме свесни за одговорноста да продолжиме да го унапредуваме. Заеднички создаваме образовни можности што оставаат трајна вредност за младите и за целиот град – рече Ѓорѓиевски.

Тој им честиташе на професорите за заслужените признанија.

-Град Скопје ќе продолжи да стои зад вашиот труд и зад секоја иницијатива што гради доверба, почитување и заедништво – заклучи Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ