среда, септември 30, 2026
Дома СВЕТ Хеликоптер се урна во Зимбабве: Ниту еден преживеан, а меѓу жртвите и...

Хеликоптер се урна во Зимбабве: Ниту еден преживеан, а меѓу жртвите и контроверзен бизнисмен/ФОТО/ВИДЕО

0

Хеликоптер со шест лица се урна во средата во рурална област во близина на Марондера, источно од главниот град на Зимбабве, Хараре, при што загинаа сите што се наоѓаа во него, соопшти владиниот портпарол Ник Мангвана.

Според него, во хеликоптерот се наоѓале истакнат бизнисмен, тројца други патници и двајца пилоти. Мангвана првично изјави дека во леталото имало четворица патници, но подоцна ја ажурираше својата објава на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Тој додаде дека полицијата дополнително ќе го потврди идентитетот на загинатите.

Локалниот онлајн-медиум „Зимлајв“ (ZimLive) објави дека меѓу жртвите е и бизнисменот Викнел Чивајо.

Полицијата претходно соопшти дека леталото, во кое имало шест лица, се урнало во областа околу 17:00 часот по локално време (15:00 часот по Гринич). На местото на несреќата беа испратени служби за итна помош.

Портпаролот на полицијата, Пол Њати, изјави дека телата на жртвите биле тешко изгорени и дека ќе биде потребна официјална идентификација.

ИЗДВОЕНИ