среда, септември 30, 2026
Дома БАЛКАН Хашим Тачи и другите осудени лидери на ОВК прогласени за почесни граѓани...

Хашим Тачи и другите осудени лидери на ОВК прогласени за почесни граѓани на Тирана

1
EPA/ARBEN LLAPASHTICA

Собранието на градот Тирана едногласно го прифати предлогот на градоначалникот Ерион Вељиај, четворица поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово, кои се првостепено осудени за воени злосторства, да бидат прогласени за почесни граѓани.

Хасим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими се прогласени за почесни граѓани на Тирана за нивниот „вреден придонес во ОВК, нејзиното политичко претставување и патот на Косово кон слободата и независноста, со силна поддршка од САД и евроатлантските партнери“, како и за „посебната врска со Тирана и зајакнувањето на односите меѓу Косово и Албанија“.

Во првостепената постапка пред Специјалниот суд, сите четворица водачи на ОВК неодамна беа прогласени за виновни за воени злосторства. Тачи и Красниќи се осудени на по 25 години затвор, Весеља на 18, а Сељими на 13 години затвор.

ИЗДВОЕНИ