четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Хамнеи одобрил преговори и договор со САД?

Хамнеи одобрил преговори и договор со САД?

170
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, тајно го информирал американскиот претставник Стив Виткоф дека врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, одобрил разговори и потенцијален договор, објави денес Ал Арабија, повикувајќи се на израелскиот весник Једиот Ахронот.

Израелски претставници денес изјавија дека американскиот претседател Доналд Трамп се стреми да постигне договор со Иран за прекин на непријателствата на Блискиот Исток, но дека успехот на разговорите е малку веројатен.

Функционерите, кои зборуваа под услов да останат анонимни, рекоа дека е малку веројатно Иран да се согласи со барањата на САД, вклучително и ограничувањата на неговите нуклеарни и балистички ракетни програми, со оглед на неуспехот на разговорите на 28 февруари и почетокот на американско-израелската војна против Техеран, објави Ројтерс. Според израелскиот весник, во рамките на иранската влада постојат несогласувања меѓу тврдокорните и оние кои се отворени за дипломатија, а наводната изјава на Моџтаба Хамнеи беше протолкувана како зајакнување на „преговарачката“ фракција во оваа поделба.

Сепак, овие тврдења не се независно потврдени и не е издадено официјално соопштение од Иран.

Експертите истакнуваат, пишува весникот, дека влијанието на Моџтаба Хамнеи во иранската политика расте и дека, доколку таквата наредба биде потврдена, тоа би можело да означи значителен пресврт во надворешната политика на Техеран.

ИЗДВОЕНИ