понеделник, ноември 2, 2026
Дома СВЕТ Хакери ги загреале ладилниците во маркети во Ирска и Естонија на плус...

Хакери ги загреале ладилниците во маркети во Ирска и Естонија на плус 50 степени

0
EPA/ERIK S. LESSER

Синџири на супермаркети во Ирска и во Естонија исфрлија тони храна откако, во сајбер напад, температурата во ладилниците во кои била чувана била качена на плус 50 Целзиусови степени.

Ирскиот синџир супермаркети „Супервалу“ денеска повлекол разладени и замрзнати производи од 13 продавници, а како што објавува „Ајриш тајмс“, инцидентот влијаел на резервите во неколку продавници, меѓу другите во Лукан, Бланчардстаун, Вотерфорд и Бреј. Се проценува дека штетата би можела да изнесува неколку илјади евра.

Во Естонија, цел на нападот на хакерите бил синџирот маркети „Селвер“. Јану Муцо, директор на компанијата Китман Колдтек, која произведува и дистрибуира опрема за ладење, изјави за естонскиот јавен сервис ЕРР дека еден од нивните клиенти бил цел на нападот, но дека биле погодени и други компании во Естонија.

ИЗДВОЕНИ