Хајди Клум рамо до рамо со принцот Вилијам: Правите неверојатни работи/ФОТО

974

Настанот Earthshot Prize Awards собра бројни светски ѕвезди од различни области во Кејп Таун. Прв меѓу еднаквите во Јужна Африка беше принцот Вилијам.

Тој се појави како специјален гостин, за да нагласи дека се залага за сонувачи, мислители и иноватори од сите сфери на животот, кои ја споделуваат амбицијата да изградат подобар, поодржлив свет.

Станува збор за настан кој го привлекува вниманието на светската јавност на климатските промени и колку е важно планетата еколошки да биде „поправена“.

Една од наградите ја додели и Хајди Клум.

Тоа беше нејзина прва посета на Јужна Африка, но германската секс икона вели дека тоа сигурно нема да и биде последна.

Ја искористила приликата да се фотографира со принцот, а и му додели и признание.

„Ви благодарам за целата неверојатна работа што ја работите“, напиша Клум на својот Инстаграм профил под сликата со Вилијам.

Принцезата Кејт, логично, беше отсутна од настанот, бидејќи сè уште се опоравува од здравствените проблеми, откако на почетокот на годинава и е дијагностициран рак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)