четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Густ црн чад над „Маџари“: Пријавено е палење кабли – испратени се...

Густ црн чад над „Маџари“: Пријавено е палење кабли – испратени се пожарникари и полиција на местото на ицидентот, информираат од ЦУК

506

Центарот за управување со кризи информира дека во населбата Маџари, кај црквата позади пругите, пријавено е дека лице гори кабли при што се создава густ црн чад, кој е видлив од речиси цело Скопје.

Инцидетот  го пријавил граѓанин во Центарот за управување со кризи.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека противпожарната бригада и полициски екипи се веќе упатени кон местото на настанот со цел да се интервенира и да се утврдат околностите.

Засега нема информации за повредени лица, а се очекуваат повеќе детали по интервенцијата на надлежните служби.

 

ИЗДВОЕНИ