петок, септември 11, 2026
Дома СВЕТ Гром удри на аеродромската писта во Венецуела, повредени најмалку деветмина

Гром удри на аеродромската писта во Венецуела, повредени најмалку деветмина

101

Најмалку девет лица се повредени во удар од гром на пистата на меѓународниот аеродром „Артуро Микелена“ во Валенсија во Венецуела вечерва, соопштија денес локалните власти.

Меѓу повредените има четворица припадници на Националната гарда и неколку цивилни работници кои обезбедуваат услуги на терминалот, објави „Ел Импулсо“.

Според властите, осум од повредените биле итно префрлени во одделот за траума на болничкиот комплекс „Д-р Енрике Техера“ (CHET) за итна медицинска помош.

ИЗДВОЕНИ