Доделувањето на наградите „Оскар“ во 2026 година ќе се одржи ноќеска во театарот „Долби“ во Холивуд. Овогодинешниот настан носи неколку нови содржини за публиката и филмската индустрија.
Златните статуи ќе бидат доделени во вкупно 24 категории. Церемонијата во САД започнува во 16 часот, додека публиката во Европа ќе може да ја гледа вечерва од полноќ. Водител на вечерта е повторно Конан О’Брајан, чие деби минатата година доби позитивни реакции.
Нова категорија „Најдобар кастинг“
Оваа година е воведена нова категорија – Најдобар кастинг. Меѓу номинираните се: Касандра Кулукундис за филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another), Франсин Мајслер за „Крв и грешници“ (Blood & Sinners), Џенифер Вендити за „Марти Суприм“ (arty Supreme), Нина Голд за „Хамнет“ (Hamnet) и Габриел Домингес за „Тајниот агент“ (The Secret Agent)
Академијата, исто така, објави дека употребата на вештачка интелигенција нема автоматски да влијае на номинациите. Како што наведуваат, одлуката ќе биде донесена врз основа на тоа до кој степен човечката креативност била клучна во создавањето на филмот.
Рекорд за „Крв и грешници“ (Blood & Sinners)
Голем фаворит на овогодинешните награди е драмата „Крв и грешници“ од режисерот Рајан Куглер, која доби дури 16 номинации. Ова ги надминува претходните рекордери „Сè за Ева“, „Титаник“ и „Ла Ла Ленд“, кои имаа по 14 номинации.
Политичкиот трилер „Една битка по друга“ од режисерот Пол Томас Андерсон освои 13 номинации. Филмовите „Франкенштајн“ (Frankenstein) „Марти Супрем“ и норвешката семејна драма „Сентиментална вредност“ Sentimental Value) имаат по девет номинации.
Фаворити за актерските награди
Во категоријата најдобар актер, фаворит е Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Марти Супрем“. Меѓу главните кандидати е Мајкл Б. Џордан за неговата двојна улога во филмот „Крв и грешници“.
Фаворитка за наградата за најдобра глумица е Ема Стоун за филмот „Бугонија“ (Bugonia). Меѓу номинираните се Роуз Бирн за филмот „Ако имав нозе, ќе те шутирав“ (If I Had Legs I’d Kick You) и Џеси Бакли за нејзината улога во филмот „Хамнет“.












