вторник, јули 28, 2026
Дома СВЕТ Иран го ракетираше аеродромот во Багдад

Иран го ракетираше аеродромот во Багдад

174

Пет ракети денеска го погодија реонот околу меѓународниот аеродром во Багдад. Засега не е познато кој ги истрелал проектилите.

Една ракета го погодил објектот за воздушна навигација во цивилниот дел на аеродромот, а четири ракети паднале врз Центарот за дипломатска поддршка во Багдад, што го користи Амбасадата на САД во Ирак.

Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран, во Ирак често мета се објекти поврзани со САД, вклучително и аеродромот во Багдад.

Групата Исламски отпор во Иран, изминатите недели речиси секојдневно објавува соопштенија во кои презема одговорност за десетици напади, без да наведе точни локации.

ИЗДВОЕНИ