Турски бизнисмен ветил дека ќе подари 500 килограми лубеници ако египетскиот фудбалер Мохамед Салах (34) потпише за тимот на Бешикташ. Гласиштата за преселбата на поранешниот играч на Ливерпул во турската лига се интензивираат, а необичното ветување е снимено во видео објавено на „Инстаграм“ од турскиот канал „Ал Џезира“.
Турската телевизиска мрежа „НТВ спорт“ објави дека доаѓањето на Салах во Бешикташ е многу блиску, а инсајдерот Санти Ауна пишуваше за ова минатата недела за „Фут Меркато“. Клубот наводно веќе постигнал договор со играчот, а детаљот што го спречува потпишувањето на договорот е провизијата на неговиот агент.











