Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Оттаму додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗДВОЕНИ