недела, јули 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Граната од Втората светска војна пронајдена на градилиште на булеварот „Митрополит Теодосиј...

Граната од Втората светска војна пронајдена на градилиште на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје

0

Граната од Втората светска војна била пронајдена вчера при ископ на земја за изградба на објект на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Министертството за внатрешни работи соопшти дека за гранатата вчера во 12 часот во полиција пријавил Н.И., по што бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје и било констатирано дека се работи за граната која потекнувала од Втората светска војна.

-Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за безбедно подигање на гранатата – информира МВР во дневниот билтен.

ИЗДВОЕНИ