Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, ја продолжи добрата форма и со победа во Скопје, над Украинецот Владислав Орлов, го освои турнирот „Македонија опен“.

Тој славеше со 2:1 во сетови, а на мечот тргна фуриозно со само еден загубен гем во првиот сет – 6:1. Во вториот, Орлов ја презеде контролата и возврати посилно, оставајќи го Калин без гем (6:0).

Сепак, со поддршка од трибините, кога беше најпотребно, Ивановски се врати на високо ниво и ги доби клучните поени во последниот трет гем, освојувајќи го со 6:2.

За Македонија, ова е уште еден успех, бидејќи трофејот во двојки заврши во рацете на Обрад Марковски и Горзад Србљак.

 

ИЗДВОЕНИ