понеделник, октомври 26, 2026
Дома БАЛКАН Граѓани се собраа пред телевизија „Пинк“: Толпата фрлаше јајца кон зградата која...

Граѓани се собраа пред телевизија „Пинк“: Толпата фрлаше јајца кон зградата која ја обезбедува полициски кордон/видео

0
Фото:принтскрин, видео „Инстаграм“

Граѓани вечерва се собраа пред зградата на телевизија „Пинк“ во Белград, пишуваат српските медиуми.

Според репортер на „Данас“, присутните пред „Пинк“ ја пеат песната „Излези, мала“.

Полицискиот кордон се повлече од улицата и зазеде позиции пред влезот на зградата. Исто така, дојде и до смена на полициските службеници.

На лице место има голем број полициски службеници кои го обезбедуваат влезот во телевизиската станица. Засега нема инциденти, а собраните граѓани извикуваат пароли пред зградата.

Толпата фрлаше јајца кон зградата на „Пинк“.

Луѓето во автомобилите што поминуваат свират со сирените, давајќи ѝ поддршка на толпата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Претходно, група од неколку десетици граѓани вечерва, околу 18:30 часот, влезе во просториите на телевизија „Информер“ и го прекина преносот во живо, при што главниот уредник, Драган Вучиќевиќ, за време на емисијата повика полиција за да побара помош.

ИЗДВОЕНИ