сабота, јуни 6, 2026
Дома СКОПСКА Град Скопје и УНДП ќе реализираат три стратешки пилот-активности клучни за иднината...

Град Скопје и УНДП ќе реализираат три стратешки пилот-активности клучни за иднината на Скопје

159

Град Скопје и УНДП ќе реализираат три стратешки пилот-активности од клучно значење за иднината на Скопје.

Ова е овозможено со потпишување на Меморандумот за соработка од страна на скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григоријан.

Како што истакна Ѓоргиевски, првиот проект опфаќа репроцена на недвижниот имот во општина Центар, кој ќе овозможи воспоставување на модерен, дигитален и целосно функционален систем за данок на имот.

– Ова значи поголема транспарентност, поефикасна наплата и посилна фискална стабилност на локално ниво – вели Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека вториот проект е поддршка за организација на првата меѓународна конференција, со која Скопје го прави првиот крупен чекор кон реализација на визијата – Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година и третиот опфаќа изработка на првиот сеопфатен План за чист воздух заснован на докази, документ што ќе донесе јасни мерки, дефинирани одговорности, процена на трошоци и конкретен патоказ за системско намалување на загадувањето, еден од најголемите предизвици со кои се соочува Скопје.

– Градот Скопје особено ја цени експертската и техничката поддршка од УНДП. Нивната улога е клучна, од развој на дигитални системи, преку организација на меѓународни процеси, до подготовка на аналитички и стратешки документи. Ова партнерство ни овозможува да ги примениме најдобрите светски практики и да ги вградиме во работата на нашите институции. Ова е почеток на нова развојна фаза за Скопје. Фаза во која градот станува поорганизиран, поодржлив, покултурно препознатлив и поеколошки одговорен – смета Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ