четврток, јули 2, 2026
Дома СКОПСКА Ѓорѓиевски: После 30 години решени се имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис...

Ѓорѓиевски: После 30 години решени се имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани…

337
Фото:фб, Ѓорѓиевски

По три децении, како што рече тој, се решени имотно-правните односи на оваа делница, со што решавањето на булеварот конечно станува реалност за граѓаните од Драчево, Зелениково и Студеничани.

Дел од трасата што се довршува на булеварот „Борис Трајковски“ / Фото: Град Скопје
„Стојам на булеварот кој со децении беше закочен, заборавен и претворен во вистинска голгота за илјадници граѓани. Булевар по кој секое поминување значеше нервоза, гужви, прашина, небезбедност, оштетени возила и изгубено време. Конечно се отвора патот за реализација на овој долгоочекуван проект, кој премногу пати беше ветуван, а никогаш не беше завршен“,

вели градоначалникот.

Најави дека, според динамиката на работа, проектот може да заврши и пред предвидениот рок, односно порано од крајот на оваа календарска година.

 

„Станува збор за околу еден километар траса, каде што со години немаше услови за нормален и безбеден сообраќај. Триесет години немаше барање на начин од страна на градските власти за да се овозможи слободен пристап, функционална безбедна траса за граѓаните од Драчево, Зелениково, Студеничани, односно за околу 100 000 граѓани кои секојдневно гравитираат кон овој дел од градот“,

рече тој.

 

Според него, пробиени се околу 88 отсто од трасата, а останатите делови, кои опфаќаат неколку објекти, се очекува да бидат расчистени во наредните десетина дена.

 

„Преостануваат уште околу 12 отсто од трасата, односно расчистување на три до четири објекти, што треба да биде завршено во наредните денови. Со тоа целосно ќе се овозможи пристап и ќе започне реализацијата на булеварот, кој на оваа делница предвидува нова атмосферска канализација, пешачко-велосипедски патеки и безбеден коловоз оти ова место во минатото важеше за една од црните точки во овој дел од Скопје“,

кажа скопскиот градоначалник.

 

Вкупната инвестиција на овој потег, додаде дека изнесува околу два милиони евра.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски изврши увид на дел од трасата што се довршува на булеварот „Борис Трајковски“ / Фото: Град Скопје
Паралелно со овој проект, како што информираше градоначалникот, се работи и на клучката „Момин Поток“, како и на мостот на улицата „Љубљанска“.

Во однос на состојбата со хигиената во главниот град, Ѓорѓиевски рече дека Градот Скопје работи со стара механизација, но најави дека наскоро ќе пристигнат околу 40 нови камиони, како и 2 600 нови контејнери.

При преземањето на функцијата, како што додаде, на располагање имало само 16 камиони, додека сега околу 60 возила се функционални.

Голем проблем, според него, претставува и недостигот на контејнери на повеќе локации низ градот, посочувајќи дека на одредени места каде што се потребни шест контејнери, има поставено само еден.

Одговарајќи на новинарски прашања за поставувањето на водителот Миро Кацаров за в.д. директор на Универзалната сала, Ѓорѓиевски рече дека наредните денови ќе биде распишана нова постапка за избор на директор на установата.

„Во моментов за в.д. директор е назначен Миро Кацаров, кој е од редот на вработените во институцијата. Претходно е спроведен јавен повик за избор на директор на Универзалната сала, но постапката не успеа, поради што беше неопходно да се назначи вршител на должност“,

ИЗДВОЕНИ