Актуелниот словенечки премиер Роберт Голоб прогласи победа на парламентарните избори, на кои, според неофицијалните резултати, неговата партија „Движење за слобода“ освои 28,54 проценти од гласовите, што изнесува 29 места во парламентот. СДС на Јанша има 28,17 проценти, односно 28 места. Бидејќи се преброени 99,45 проценти од гласовите, овој сооднос нема значително да се промени.
„Беше напнато, но пред сè, благодарам на сите гласачи кои излегоа да гласаат. Гласавте за демократија, не само за слобода“, рече Голоб.
Тој додаде дека вечерта ја поминал во големо исчекување, „не поради тоа каков ќе биде исходот, туку пред сè во исчекување да можеме да кажеме дека одиме напред“.
„Во следниот мандат, ќе направиме сè за да ја направиме таа иднина подобра за сите граѓани“, додаде тој.












