Големо невреме ја погоди Истра со налет на ветер од 110 километри на час – има повредени/ВИДЕО

377

Силно невреме вечерва ја зафати Истра во Хрватска, а неколку лица се повредени во камповите во Ровињ при паѓање на дрвја.

Невремето ја зафати Истра околу 19 часот, кога почнал да дува силен ветер, проследен со обилни врнежи и град кој предизвикал голема материјална штета.

Во Ровињ невремето ги уништи терасите на кафулињата, носејќи чадори, па дури и дрвена куќа во која се продаваат сувенири, пренесуваат хрватските медиуми.

Управата за цивилна заштита наведува дека се уништени дрвја во областа Пула и во поширокото подрачје на Пореч. Итните служби се на терен.

Невремето проследено со град го зафати и централниот дел на Истра околу Светвинчент, каде се уништени земјоделските култури, а причинета е помала материјална штета на возилата.

На Истра е забележан налет на ветер посилен од 110 километри на час.

ИЗДВОЕНИ