вторник, јуни 16, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Големо изненадување: Иран го победи Трамп!

Големо изненадување: Иран го победи Трамп!

112

Иран ги разби очекувањата и постигна голема победа против светскиот број еден, Трамп. Но, тоа не се случи во Ормускиот теснец, туку на масата за снукер.

Во изненадувачки пресврт, Иранецот Хосеин Вафаеи го победи Англичанецот Џад Трамп на Светското првенство во снукер и се пласираше во четвртфиналето. Вафаеи, кој мораше да помине низ неколку квалификациски рунди за да игра на турнирот, триумфираше против светскиот број еден со 13-12.

„Не се плашам од никого и сите го знаат тоа“, изјави Вафаеи за Би-Би-Си по неговата голема победа во Шефилд.

Вафаеи е првиот професионален снукер играч од Иран, а на првенството нема американски претставници.

ИЗДВОЕНИ