Петмина планинари од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија. Само двајца членови на експедицијата успеале да ги преживеат екстремните услови на планината, објавува рускиот портал Lenta.ru, повикувајќи се на информации од каналот SHOT на „Телеграм“.
Истражниот комитет на Руската Федерација за Кабардино-Балкарија претходно објави детали за почетокот на оваа трагедија и потврди дека е започната истрага.
Според соопштението од службата за односи со јавноста, група од седум планинари тргнала на искачување кон Елбрус на 25 јули. Еден од членовите успеал да се симне од планината и пријавил дека двајца алпинисти се разболеле на надморска височина од 5100 метри. Едниот човек се симнал од планината сам и побарал помош, додека другиот бил пронајден од членови на спасувачките служби.
Двајцата преживеани се хоспитализирани и во моментов се на лекарски прегледи. „Според достапните информации, тие починале.
Потрагата по уште четворица алпинисти е во тек“, објави тогаш Рускиот истражен комитет. Институциите на Босна и Херцеговина сè уште не го коментирале овој случај.












