среда, септември 16, 2026
Дома СКОПСКА Голема акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“

Голема акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“

1

Во координирана заедничка акција со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, екипи на Општина Кисела Вода спроведоа темелно чистење и уредување на булеварот „Борис Трајковски“.

Активноста се реализираше преку Секторот за месна самоуправа при Општина Кисела Вода, при што се расчистуваше потегот од крстосницата со улицата „Народни херои“, сè до влезот во населбата Драчево.

– За ефикасно и брзо завршување на работата, на терен заеднички интервенираа 40 сезонски работници од Општина Кисела Вода, 30 работници од ЈП „Комунална хигиена“ и 20 работници од ЈП „Паркови и зеленило“. Со цел детално расчистување на зеленилото, пешачките патеки и на коловозот, ангажираните екипи работеа со повеќе тримери, телескопски пили и дувалки, додека за подигнување на сметот се користеа камиони на Општината – соопштија од локалната самоуправа.

Во текот на акцијата, од овој потег биле собрани и транспортирани вкупно три тона отпад.

Од Општината велат дека ваквите акции, кои имаат за цел одржување на јавната хигиена и заштита на животната средина, ќе продолжат и во наредниот период.

 

ИЗДВОЕНИ