EPA

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ, повторно зборуваше за советите што му ги дал на моментно најдобриот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, кога бил на почетокот на својата кариера.

Ѓоковиќ, даде опуштено интервју за американскиот комичар и актер, Кевин Харт. Додека седеше млитав во ледената бања, му беше поставено прашање за еден од неговите најголеми ривали, Јаник Синер. Италијанецот неодамна го „прегази“ на Вимблдон, па Србинот се пошегува дека можеби не требало да му дава совети додека сè уште бил на почетокот на својата кариера.

Не е тајна дека Новак му помагал на секој што го прашувал за мислење, а Синер бил меѓу младите надежи на кои им помогнал.

„Му кажав сè – сè што забележав на теренот: неговите слабости, силни страни, работи на кои треба да работи… а потоа, во следните три години, ме победуваше на Вимблдон – секоја проклета година! Значи, можеби грешев, не знам“, рече Новак, предизвикувајќи смеа во студиото.

Тој откри како Дарен Кејхил му пристапил и директно го прашал што мисли за играта на Синер. Ѓоковиќ воопшто не се двоумел, му дал предлози што му значеле многу за да се пробие во самиот врв на тенисот.

„Ако во 20 години, колку што играм тенис, успеав да влијаам и да ја инспирирам новата генерација да игра подобро отколку што играв јас во мојот најдобар период, среќен сум затоа што тоа е целата поента. Не земате сè што сте научиле и постигнале во вашата глава, мора да го споделите. Се обидувам да бидам отворен, разговарам со нив секогаш кога ќе се обратат кон мене“, рече Новак и откри дека Дарен Кејхил во една пригода го прашал за совет:

„Тренерот на Синер ми зборуваше кога го победив еднаш на Вимблдон, тогаш беше млад, а и сега е млад, мислам дека беше пред три години. Ме праша: „Што мислиш за него? На што треба да работиме? Ако не сакаш да кажеш затоа што си ривали, ако го гледаш како закана, разбирам“. Јас реков: „Не, не, не, сака да го споделам тоа со тебе“.

Италијанецот беше маестрален на Вимблдон оваа сезона, успеа да го одбрани трофејот и го победи Новак во полуфиналето. Нова шанса да се гледаат два тениски мајстори ќе има на Отвореното првенство на САД.

ИЗДВОЕНИ