Русија на 9 мај ќе ја одбележи 81-годишнината од победата над нацистичка Германија, со традиционалната парада на Црвениот плоштад во Москва, но без прикажување воена опрема поради оперативната ситуација со војната во Украина, објави руското Министерство за одбрана. Тоа значи дека во парадата нема да бидат вклучени воените тенкови, оклопните возила и другата тешка опрема.
Дел од маршот ќе бидат воениот персонал и високите воени образовни институции од сите видови и поединечни гранки на вооружените сили на Руската Федерација. Ќе биде прикажана работата на војниците од сите гранки на војската што учествуваат во „специјалната воена операција“, како што го нарекува Кремљ конфликтот во Украина, објави „Ројтерс“.
Ова ќе ги вклучи стратешките ракетни сили на Русија, воздухопловните сили, војниците на воените бродови. Авионите на воздухопловните сили ќе прелетаат на крајот од парадата, цртајќи ги на небото боите на националното знаме.












