Новосаѓани синоќа се собраа спроти Железничката станица за да го изразат своето незадоволство од грозомориот чин на засега непознат маж кој вчера уринирал на свеќите, цвеќињате и плишани играчки оставени на тротоарот во спомен на загинатите при уривањето на настрешницата од споменатата зграда.
Насобраните граѓани побараа итно пронаоѓање и кривично гонење на човекот кој поради ваквото однесување може да биде гонет за повеќе кривични дела, од нарушување на јавниот ред и мир, до непристојно однесување во јавноста, до нарушување на честа и угледот на жртвите доколку некој од нивното семејство одлучи да го тужи.
Насобраните жители на Нови Сад најпрво ги подигнаа остатоците од свеќи, цвеќиња и плишани играчки кои ги осквернавил засега непознатиот маж, а потоа повторно ги наредија цвеќињата, играчките и запалија свеќи во спомен на жртвите.
Српската полиција трага по маж кој вчера уринирал на местото каде што граѓаните палеле свеќи и кадифени играчки во знак на почит кон настраданите од уривањето на настрешницата во Нови Сад, соопшти тамошното МВР.
View this post on Instagram
Полициската управа во Нови Сад интензивно работи на идентификување на лицето кое во неделата на аголот на булеварот Ослободување и булеварот Јаша Томиќ го сквернавел местото каде граѓаните со месеци им оддаваат почит на загинатите во уривањето на настрешницата на Железничката станица во овој град“, се вели во соопштението.
Со оглед на тоа што снимката од настанот е објавена во медиумите и на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните кои го препознаваат мажот од снимката или имаат какви било информации за неговото место на живеење и движење, да се јават на 192 или да се обратат во најблиската полициска станица.
На 1 мај се навршија 6 месеци откако на 1 ноември минатата година се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено.