петок, јули 24, 2026
Дома СВЕТ Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, е разрешен поради обвинувања...

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, е разрешен поради обвинувања за сексуално вознемирување

0
Фото:википедија

Земјите-членки на Меѓународниот кривичен суд (МКС) гласаа за разрешување на главниот обвинител на судот, Карим Кан, речиси две години откако се појавија обвинувања за сексуално вознемирување, потврдија дипломати за АП.

Британскиот адвокат Карим Кан е обвинет за сексуално вознемирување против жена-соработник, обвинение кое тој жестоко го негираше.

На итен состанок во Њујорк, 125-те земји-членки на судот со огромно мнозинство го разрешија Кан од функцијата, што е прв пат главниот обвинител на судот да биде разрешен од функцијата.

Случајот ги подели групите за човекови права, судскиот персонал и земјите-членки во време кога МКС се соочува со сериозни предизвици, вклучително и кампањата на Соединетите Американски Држави насочена кон она што критичарите велат дека ја поткопува работата на судот, кој е основан за да ги гони оние што се одговорни за најтешките злосторства против човештвото.

56-годишниот Кан беше формално разрешен од функцијата во јуни откако извештајот на надзорниот орган на судот, Извршниот комитет, заклучи дека тој извршил „сериозно вознемирување“.

Според документите што ги виде АП, Кан имал сексуален однос со жена помошничка и се обидел да ја спречи да ги поднесе обвиненијата. Тој ги оспорува тие наоди.

Холандија, земјата домаќин на судот, Франција и Норвешка беа меѓу првите што јавно изјавија дека ќе гласаат за негово отстранување.

„Веруваме дека е докажано надвор од разумно сомнение дека неговото однесување претставува сексуално вознемирување и злоупотреба на службената должност“, рече заменик-министерот за надворешни работи на Норвешка, Андреас Мотсфелд Кравик, во изјава за АП.

Холандскиот министер за надворешни работи, Том Берендсен, во писмо до парламентот минатата недела изјави дека има доволна поддршка за отстранување на Кан.

Претседателот на Собранието на земјите-членки, Пајви Каукоранта, на отворањето на седницата изјави дека гласањето ќе се одржи зад затворени врати за да се разгледа „сложено и чувствително дисциплинско прашање“ во рамките на надзорната улога на телото врз работата на Меѓународниот кривичен суд, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ