Вчера во 15:50 часот, во ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С. К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С. К. со породилни болки.
Со таткото на малолетничката, Б. К. (38), извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосното документирање, ќе следува соодветна пријава.












