Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека тој и неговата сопруга биле нападнати во нивниот дом во Кисела Вода од нивниот 31-годишен син. Според пријавата, по физичкиот напад, синот му се заканувал на таткото и со остар предмет.
Случајот бил пријавен на 7 ноември околу 11 часот во СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.












