недела, ноември 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург и поранешен директор на...

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург и поранешен директор на Клиниката за торакална хирургија

150

Македонското здравство остана без еден од своите долгогодишни медицински професионалци. Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, универзитетски професор и поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија во Скопје.

Тажната вест ја соопшти министерот за здравство Сашо Клековски, кој преку социјалните мрежи се прости од својот колега.

Спировски зад себе остави децениска кариера посветена на лекувањето пациенти, развојот на хирургијата и образованието на идните медицински кадри.

Како професор на Медицинскиот факултет во Скопје, своето знаење и искуство ги пренесувал на бројни генерации млади хирурзи.

Министерот Клековски истакна дека со неговото заминување македонското здравство губи лекар кој оставил длабока професионална и човечка трага.

Тој упати искрено сочувство до семејството, колегите и сите кои го познавале и соработувале со професорот Спировски.

ИЗДВОЕНИ