Најдобриот кошаркар на денешницата, Шеј Гилџус-Александер, одигра натпревар за паметење и со клучна тројка на 2,5 секунди до крајот неговата Оклахома славеше над Денвер со 129:126. Канаѓанецот постигна учинок од 35 поени, 9 скока и 15 асистенции. Со овој учинок, тој го израмни 63-годишниот рекорд на легендарниот Вилт Чемберлен од 126 последователни натпревари со најмалку 20 поени, рекорд што траеше од 1961 до 1963 година.
- Тешко е да се процесира сè. Искрено, се обидувам да не размислувам за тоа, особено во текот на сезоната. Се случуваат толку многу работи. Мора да го постигнам она што го сакам и тоа ме држи 100 % фокусиран, особено на кошарката. Но, очигледно, да се стои покрај некој како него е особено. Лудо е да се помисли дека сум тука денес, со оглед на тоа каде бев пред 10 години – истакна Александер.











